35
Иако не беше многу убедлив во досегашните настапи и се здоби со скршеница на носот на првиот меч со Австрија, Килијан Мбапе е најбрзиот играч на ЕП 2024, пренесува весникот „Екип“. Новиот напаѓач на Реал Мадрид направи спринт во кој разви импресивни 36,5 км/ч.
Веднаш зад него е шпанскиот репрезентативец Феран Торес, кој истрчал со 36 км/ч.
„Се надевам дека во текот на мечот ќе можам да имам дуел за топката со Мбапе и да го престигнам“, прокоментира Торес, кој е резерва на Шпанците.
Третата позиција ја зазема напаѓачот на Словенија, Бенјамин Шешко, кој „спринтнал“ со 35,9 км/ч.
Првата петорка ја комплетираат Романецот Валентин Михиила и Германецот Лерој Сане.