Килограмите нема да се вратат: Обилниот појадок е тајната за најефективното слабеење

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Една од најпопуларните диети во последно време става акцент на овој оброк, односно на количината на храна што се јаде на почетокот на денот. Дали оваа диета звучи премногу добро за да биде ефикасна, испитало Ендокриното друштво на САД и дошле до заклучок дека навистина има смисла.

Имено, по 4 месеци од оваа диета, оние испитаници кои обилно појадувале на почетокот на денот изгубиле во просек по 17 килограми без да ги вратат по прекинот на диетата, а причината зошто оваа диета е толку ефикасна стратегија лежи во фактот дека оние кои јаделе обилен појадок имале значително помалку напади на глад и желба за слатки отколку другите субјекти чии оброци на почетокот на денот биле поскромни.

Друга важна работа што имала улога во оваа диета е тоа што испитаниците се погрижиле да јадат храна богата со растителни влакна како житарици, зеленчук, мешунки и овошје, а токму влакната ќе ни помогнат да ја одржиме саканата тежина, но и да ги изгубиме вишокот килограми.

За појадок затоа се препорачува да се јаде храна која содржи висок процент на протеини, малку масти и минимум јаглехидрати. Останатите оброци во денот може да бидат во различен процент бидејќи метаболизмот на огромното мнозинство луѓе може да се справи со малку повеќе јаглени хидрати или масти. Дозволено е дури и повремено да се почестите со омиленото слатко, со акцент на повремено, додека некој сладок напиток се препорачува да се пие пред физичка активност за да се стимулира согорувањето на калориите и да се зголеми издржливоста.

За вечера најдобро е да го ограничите внесот на јаглехидрати, масти и да јадете во малку помали количини и повторно да консумирате најмногу протеини. Заедно со рибата и месото како најпрепорачлива храна, се претпочита да се јаде супи, чорби, салати и зеленчук во која било форма.

Слични содржини