Северна Кореја денеска соопшти дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета за, како што наведе, „да им влее страв на непријателите“.
Ракетата беше лансирана во четвртокот наутро неколку часа пред јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол да се состане со јапонскиот премиер Фумио Кишида на самитот кој делумно има за цел обнова на безбедносните врски меѓу американските сојузници соочени со севернокорејските нуклеарни закани.
Официјалната новинска агенција на Северна Кореја објави дека претседателот Ким Јонг Ун го надгледувал пробното истрелување на ракетата Хвасонг-17 и нагласил дека целта е да се „внесе страв кај непријателите“ поради, како што рече, „отвореното непријателство“ покажано кон Северна Кореја од заедничката воена вежба на САД и Јужна Кореја.