Ким, Бејл, Хенкс… И тие денес слават Божик

од Elena Daskalova
335 прегледи

Најголемиот дел од светските ѕвезди се католици и го слават Божик според грегоријанскиот календар, кој се одбележува на 25 декември.

Но, дел од познатите денеска слават Божик, на 7 јануари, некои поради своите предци и роднини, а други го прифатиле православието поради своите партнери.

Меѓу нив се и Том Хенкс и Кристијан Бејл, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, манекенката Наоми Кембпел и актерката Џенифер Анистон.

Сопругата на Хенкс, Рита Вилсон, има грчко и бугарско потекло, православна е и ги одбележува празниците според јулијанскиот календар. Сопругата на Кристијан Бејл е Србислава Сиби Блажиќ, која исто така е православна христијанка.

Наоми пак, ги одбележува православните празници поради поранешниот партнер, со кого ги стекнала тие навики. Џенифер Анистон има грчко потекло, а Божик на 7 јануари го славеле нејзините баби и дедовци. Ким Кардашијан неодамна ги крштеваше своите деца во ерменската православна црква.

Слични содржини