Ким Џонг-ун претера и пушти срамна порака до САД: Ракетата е подарок за американските к ****и

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Официјалната новинска агенција на Северна Кореја цитира лидерот на земјата Ким Џонг-ун, кој истакнал дека интерконтинентални балистички проектили е подарок за “американските к ****** а по повод на Денот на независноста.

Откако лично присуствувал на лансирањето, според податоците на Централната новинска агенција на Северна Кореја “, тој рекол  дека американските к ****** а нема да се воопшто задоволни од подарокот, испратен по повод 4 јули”.  ПО избувнувањето  на смеа, Ким Џонг-ун   “додал дека треба да испраќа на САД подароци од време на време  за да ја разбие досадата”.

Лидерот на Северна Кореја,  изјави и  дека судирот до САД влезе во „последна фаза“, додавајќи оти севернокорејската интерконтинентална балистичка ракета може да носи „голема, тешка нуклеарна глава“.

Според експертите вчера лансираната ракета може да стигне до Алјаска.

Во исто време американскиот државен секретар Рекс Тилерсон повика на глобална акција откако Северна Кореја тестираше новоразвиена интерконтинетална балистичка ракета. Тој тоа го оцени како ескалација на нуклеарната закана од Пјонгјанг.

– Секоја земја која прима севернокорејски работници или пружа економска или воена помош на Пјонгјанг или пак не ги применува санкциите на Обединети нации тогаш помага еден опасен режим, посочи Тилерсон.

САД вчера побараа итен состанок на Советот за безбедност на ОН откако Северна Кореја објави дека ја тестирала својата прва интерконтинентална балистичка ракета