Ким Џонг-Ун: Односите со Русија се прв приоритет за Северна Кореја

од Vladimir Zorba
241 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денеска на средба со рускиот претседател Владимир Путин објави дека односите со Русија се прв приоритет за Северна Кореја.

„Нашето пријателство има длабоки корени и сега прв приоритет на нашата земја се односите со Руската Федерација“, рече Ким Џонг Ун на средбата со Путин во космодромот Восточни во регионот Амур, пренесува РИА Новости.

Ким изјави и дека Пјонгјанг ги поддржува сите одлуки на Москва и сака дополнително да ги развива билатералните односи.

Слични содржини