505
Од неодамна „Инстаграм“ профилот на Ким Кардашијан изобилува со голи фотографии и по се изгледа дека риалити ѕвездата се гордее со своето тело повеќе од било кога.
По нејзиниот грабеж за време на посетата на Париз, Ким речиси престана да ги користи социјалните мрежи, а фотографиите кои почнува да ги закачува потоа беа прилично скромни за нејзиниот начин на живот. Тоа се должеше на фактот дека истрагата на полицијата покажа дека крадците разбрале што со себе носи Ким, токму од нејзиниот профил на социјалната мрежа.
Можеби затоа таа одлучува да објавува фотографии каде што не носи ништо. На една од последните такви, таа јаде нудли без облека, откако ги прикрива градите само со коса.