Ким и Канје Вест фатени заедно: Сите се прашуваат каде е нејзиното момче (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

По долго време папараците ги уловија Ким Кардашијан и Канје Вест заедно.

Поранешните сопружници во неколку наврати разговарале и биле расположени, иако не сакале премногу да се експонираат пред камерите.

Ким овојпат не беше придружувана од нејзиното ново момче, комичарот Пит Дејвидсон (28).

Иако Канје јавно го искажа своето негативно мислење за Ким по разводот, но и за остатокот од семејството Кардашијан-Џенер, со текот на времето Ким и Канје решија да бидат во добри односи за доброто на своите деца.

Поранешните сопружници имаат четири деца: ќерката Норт (9), синот Сент (6), ќерката Чикаго (4) и најмладиот син Псалм (3).

Ким на Инстаграм му го честиташе Денот на татковците на Канје.

Слични содржини