Телевизија од Северна Кореја емитуваше видео од еден од граѓаните на Пјонгјанг, кој изразува загриженост за ненадејното губење на тежина на Ким Јонг-ун.
Ова е невиден потег во Северна Кореја, земја каде што здравјето на врховниот водач е забранета тема. Главниот телевизиски канал во земјата покажа и снимки кои покажуваат дека Ким е послаб во однос на последните неколку години, пишува Би-Би-Си.
Претходно, кружеа гласини за здравјето на севернокорејскиот лидер, но ретко добиваа потврда од владата.
Два неодамнешни клипови, прикажани на главниот телевизиски канал во земјата, Корејската централна телевизија, наводно ја зголемиле загриженоста за здравјето на врховниот водач кај граѓаните.
In recent state media photos, #Kim has appeared to have lost a considerable amount of weight. https://t.co/azWU6rm78v v @AP #NorthKorea
— Felipe Sahagún (@sahagunfelipe) June 28, 2021
Една снимка покажала дека Ким доаѓа на концерт за време на кој е очигледно дека севернокорејскиот претседател драматично ослабел.
Вториот и најнеобичен клип покажува неименуван граѓанин на Пјонгјанг кој во петокот во насловите изјави: „Сите бевме многу тажни кога го видовме толку ослабен. Сите почнаа да плачат“, рече тој.
Зошто е ова важно?
Здравјето на врховниот лидер е загрижувачко откако тој ја презеде функцијата од неговиот покоен татко Ким Јонг-ил во декември 2011 година. Оттогаш, неговата тежина растеше постојано.
За Ким Јонг-ун се верува дека има 37 години, познато е и дека е тежок пушач, а наводно пие и големи количини алкохол.
North Korean leader Kim Jong Un's apparent weight loss has caused widespread concern among citizens, an unidentified resident of Pyongyang quoted on the country's state media said after watching recent a video of the leader https://t.co/RhQEqL7dXH pic.twitter.com/82AiJBfMaK
— Reuters (@Reuters) June 28, 2021
Неговото зголемување на телесната тежина со текот на годините предизвика шпекулации дека може да страда од дијабетес и гихт. Но, бидејќи за здравствената состојба на врховниот водач никогаш не се зборуваше во државните медиуми, овие теории беше невозможно да се потврдат.
Ким Јонг-ун нема јасен наследник и неговата смрт или долгорочна неспособност може да доведат до вакуум на моќта во државата што поседува нуклеарно оружје, што ќе доведе до понатамошна нестабилност во Источна Азија.
Доколку неговата сестра Ким Јо-јонг биде прогласена за неспособна за заземање на најмоќната позиција во земјата, власта за прв пат може да се пренесе надвор од семејството Ким.