Ким Јонг Ун ѝ го честиташе јубилејот на кралицата Елизабета

од Stefanija Kuzmanovska
335 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ѝ честиташе на британската кралица Елизабета Втора за 70 години владеење, соопшти Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг.

„Ви испраќам честитки до вас и до вашиот народ по повод националниот ден на вашата земја, официјалната годишнина (владеење) на вашето височество“, напиша Ким во пораката до кралицата.

Лондон и Пјонгјанг воспоставија дипломатски односи во 2000 година. Двете земји ги задржаа своите амбасади, и покрај влошените односи меѓу Северна Кореја и западните земји во последниве години поради програмата за оружје на Пјонгјанг.

Британската амбасада во Пјонгјанг во моментов е затворена поради рестриктивните мерки наметнати од Северна Кореја за време на пандемијата на коронавирусот.

Минатата година официјалната агенција КЦНА објави дека кралицата Елизабета Втора му ја честитала на Ким Јонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја на 9 септември.

Слични содржини