Ким Јонг Ун го носеше ковчегот на починатиот маршал – ментор на корејската државна армија

од Stefanija Kuzmanovska
278 прегледи

Погребот на маршалот на корејската државна армија, Хјун Чола Хае, генералниот советник на Министерството за национална одбрана на Северна Кореја, беше одржан во неделата, а присуствуваше и лидерот на државата Ким Јонг Ун, пренесе државната агенција КЦНА.

„Гардијан“ наведува дека починатиот маршал бил ментор на Ким.

Ким го изнесе ковчегот од комеморативната сала, заедно со членовите на претседателството и политичкото биро на Централниот комитет на партијата и фрли земја во гробот на починатиот.

Слични содржини