Во Северна Кореја објавија дека лично Ким Џонг Ун открил еликсир за третирање на ракот – изворска вода, објави “Дејли мирор”.
Водата извира во планина во близина на главниот град Пјонгјанг и имала мистериозни енергетски квалитети. Според режимот при користење на оваа вода Севернокорејците можеле да работат без проблем до пристигнувањето на 90-тата година од животот. Освен што им овозможува на луѓето да се трудат за “општото добро” до длабока старост, водата го “спречува ракот”.
Ова не е прво “чудо” во земјата. За “големиот и единствен прв” Ким Џонг-ил, таткото на сегашниот лидер, исто така се раскажуваат легенди: Како можел да го менува времето со силата на мислата, проодел на три месеци, а на осум веќе зборувал.
Откриената од неговиот син “жива вода” имала таква чудна акција, бидејќи “се апсорбира побрзо од организмот и делува како антиоксиданс”. Севернокорејскиот “Евиан” е флаширана вода во фабрика во подножјето на планината Коронг.
Во публикацијата за постигнатите чуда во Северна Кореја се вели дека во Корејскиот центар за развој на источната медицина биле развиени над 50 антиканцерогени лекови кои помагаат за зајакнување на имунитетот и здравјето. “Сите тие содржат екстракти од медицински материјали ,а корисниците ниту се зависници ниту доживуваат несакани ефекти, дури и ако тие се користат за подолг период . ”
За Ким Јонг Ун се носат и други “вистински легенди”: напишал шест опери за две години; создал 1600 книги, додека учел во универзитетот.
