Ким Јонг ун: Нуклеарните сили да бидат подготвени во секое време

од Vladimir Zorba
262 прегледи

„Пјонгјанг ќе го забрза развојот на своето нуклеарно оружје, кое мора да биде подготвено во секое време“, рече севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на воената парада на која беа прикажани нови интерконтинентални балистички ракети, објави денеска државната новинска агенција КЦНА.

Парадата се одржа во понеделникот, за време на прославата на годишнината од основањето на севернокорејските вооружени сили, објави Ројтерс.

„Нуклеарните сили на нашата Република мора да бидат подготвени да ја извршат својата одговорна мисија и одвраќање во секое време“, нагласи Ким во своето обраќање, пренесе КЦНА.

Слични содржини