Ким Јонг Ун побара Јужна Кореја да се дефинира во Уставот како „непријателска земја број еден“

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун повика на ревизија на Уставот за да се дефинира Јужна Кореја како „непријателска земја број еден“ и да се утврди посветеноста на „тотална окупација“ на јужнокорејската територија во случај на војна, објавија севернокорејските државни медиуми.

Во говорот одржан пред собранието, Ким повика на изготвување законски мерки за дефинирање на Јужна Кореја како некој кој не е за помирување и обединување, пренесе агенцијата КЦНА.

„Во случај на војна на Корејскиот Полуостров, важно е да се разгледа прашањето за целосна окупација, потчинување на Република Кореја и нејзино враќање на територијата на републиката“, соопштил Ким, објави „Јонхап“.

Тој навел дека Јужна Кореја треба да се смета за „непријателска земја број еден и непроменлив главен непријател“ во Уставот.

Состанокот бил одржан откако севернокорејскиот лидер ги дефинираше односите со Јужна Кореја како „две земји непријателски ориентирани една кон друга“ на партиски состанок кон крајот на минатата година, велејќи дека нема смисла да се бара обединување со Југот.

Слични содржини