Ким Јонг Ун во борба против короната: Наредил егзекуција на најмалку две лица

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун нареди егзекуција на најмалку две лица и забрани риболов на море и го стави во карантин главниот град Пјонгјанг како дел од фанатичките напори да се заштити земјата од пандемијата и нејзините штетни ефекти врз економијата, изјави јужнокорејската разузнавачка служба пред парламентот.

Севернокорејската влада им нареди на дипломатите во странство да се воздржат од какви било потези што можат да ги испровоцираат САД поради загриженост за можен нов пристап кон земјата што може да го преземе Џо Бајден, пренесува АП.

Јужнокорејската разузнавачка служба наведува дека севернокорејските власти минатиот месец наредиле егзекуција на лице од менувачница, за која сметаа дека е одговорна за падот на курсот.

Истиот извор наведува и дека севернокорејските власти наредиле егзекуција на висок функционер во август, поради кршење на ограничувањата на владата за стока купена во странство, пренесува „Танјуг“.

Изворот не навел за кои лица станува збор.

Избивање на голема епидемија на коронавирус во Северна Кореја може да има ужасни последици како резултат на состојбата на здравствениот сектор во земјата, поради неговата изолација и хроничен недостаток на медицински материјали.

Властите ја затворија границата со Кина, најголемиот трговски партнер на Северна Кореја, поради пандемијата во јуни, што ѝ нанесе силен удар на економијата.

Слични содржини