Ким Кардашијан го отпушти телохранителот кој не успеа да ја заштити од грабежот во Париз

од desk2
124 прегледи

Ким Кардашијан Вест, најмила 3 полицајци кои не биле на должност, да ја придружуваат на роденденската забава на нејзината помала сестра Кендал Џенер, откако наводно го отпуштила телохранителот кој беше со нејзе во Париз.

pascal-duvier-kim-kardashian-bodyguard-instagram-twitter

Ѕвездата на реалното шоу “Keeping Up With the Kardashians”, се повлече од очите на јавноста откако беше ограбена од страна на вооружана банда мажи во Париз, минатиот месец. Иако таа сега е безбедна, не сакаше да ризикува и имаше тројца телохранители кои внимаваа на нејзе, додека присуствуваше на забавата во Лос Анџелес.

Оваа одлука на Ким, доаѓа неколку дена по веста дека таа наводно го отпуштила нејзиниот личен телохранител Паскал Дувиер. Убавицата и нејзиниот маж Канје Вест одлучиле да го му дадат отказ на телохранителот откако тој не успеа да ја заштити од ограбувачите, кои и го украдоа накитот во вредност од 10 милиони долари.

4d40d62e64aed43a952b0d98c0471

 

Близок извор на двојката изјави: “Ким и Канје ги отпуштија Паскал и неколку други членови, од нивниот тим на безбедност. Тоа е прилично тешка ситуација и тие го сакаат Паскал, меѓутоа не можеа повеќе да ризикуваат”.

 

Иако Ким ретко е видена во јавноста по инцидентот во Париз, нејзините пријатели пренесуваат дека таа е решена да се врати во нормала и да продолжи со работа.