Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон раскинаа. Двојката раскина на почетокот на неделата по девет месеци врска.

– Ким и Пит решија да бидат пријатели. Тие имаат многу љубов и почит еден за друг, но сфатија дека врската на далечина и нивните зафатени распореди го отежнуваат опстојувањето на врската“, вели за Page Six извор близок до семејството Кардашијан.

Друг извор додал дека за разделбата на парот придонела и разликата во години.

Пит (28) поминува многу време работејќи на филм во Австралија, додека Ким (41) е мајка на четири деца која е растргната помеѓу бизнисот и поделеното старателство со поранешниот сопруг Канје Вест во Лос Анџелес.

Иако Кардашијан и Вест имаа јавни караници во последните неколку месеци, изворот вели дека тој не е виновен за раскинувањето.

– Процесот на развод оди напред, а тие се фокусираат на заедничко старателство – додава еден од изворите.

Неочекуваната романса на Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон започна по нејзиното појавување на „SNL“ на почетокот на октомври 2021 година. Набргу потоа, двајцата беа видени како се држат за раце и одат на различни состаноци во Њујорк.

Изворот тогаш изјавил дека ријалити ѕвездата била „заинтригирана“ од овој смешен човек, но веднаш не биле ставени етикети на нивната врска.

Дејвидсон потоа отпатува во Лос Анџелес за да го прослави својот 28 роденден со Кардашијан и нејзината мајка Крис Џенер. Триото носеше дури и соодветни пижами SKIMS, што дополнително ги покрена прашањата за статусот на нивната врска. Дека тие се официјално пар беше потврдено на 18 ноември.

Сепак, Ким чекаше до март за да објави фотографија од Дејвидсон на својата страница на Инстаграм. Во април тие го направија своето прво појавување во јавноста на премиерата на „The Kardashians“ во Hulu.

За време на нивната врска, Кардашијан и Дејвидсон одеа на бројни одмори, од кои повеќето беа на тропски дестинации. Освен тоа, Дејвидсон толку се врзал за нејзините деца што ги истетовирал нивните иницијали на вратот.

За Дејвидсон се зборуваше дури и во првата сезона на „Keeping Up with the Kardashians“, за време на која Ким детално ја опиша нивната врска околу негата на кожата и се шегуваше за нивниот сексуален живот.

Физички ќе се појави во текот на втората сезона. Сепак, во овој момент не е јасно дали ќе се прикаже и раскинувањето на парот.

Слични содржини