Иако Џеј Зи и Кание Вест се блиски пријатели, познато е дека нивните сопруги –Бијонсе и Ким Кардашијан не си се допаѓаат особено.

Џеј и Би дури не ни отидоа на свадбата на семејството Вест, бидејќи Бијонсе не ја сака особено риалити ѕвездата.
Сепак, најпознатата од кланот Кардашијан конечно успеа да ја победи Бијонсе,симнувајќи ја од врвот во Instagram .
Ким веќе е најпопуларната ѕвезда во социјалната мрежа , бидејќи има најмногу следбеници .
Сепак предноста на сопругата на Кание Вест е сосема мала, но доволна за да нанесе удар врз самодовербата на музичката дива.
Ако сметката на Ким Кардашијан беше земја, со своите малку над 44 милиони следбеници, таа требаше да се рангира на 32-ро место по население во светот.
Интересен е фактот дека само во февруари оваа година риалити ѕвездата имаше 27 милиони следбеници, што значи дека за седум месеци таа се здобила со нови 17 милион фанови!

Бијонсе; Фото: Instagram
Една од причините за брзиот раст на следбеници веројатно се повеќе зачинети слики кои Ким ги објави на социјалната мрежа.
Двете помали сестри на идната мајка – Кендал и Кајли исто се рангираа меѓу првите 10 на листата со ѕвезди со најмногу следбеници во Instagram.
Еве го и целосниот список на најпопуларните ѕвезди на социјалната мрежа до овој момент:
1. Ким Кардашијан – 44 005 604
2. Бијонсе – 43 935 648
3. Тејлор Свифт – 43 533 226
4. Селена Гомез – 41 843 095
5. Аријана Гранде – 41 696 873
6. Џастин Бибе – 36 994 254
7. Кендал Џенер – 35 388 483
8. Кајли Џенер – 33 703 166
9. Ники Минаж – 32 278 123
10. Клое Кардашијан – 30 522 261