Ким Кардашијан на забава без накит, но со тројца телохранители

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Американската реалити ѕвезда Ким Кардашијан си зела поука од грабежот во Париз – таа се појави на роденденот на својата сестра Кендал Џенер вчера без накит, но придружена од тројца телохранители, соопштува сајтот TMZ, специјализиран за доверливи информации за познати личности. kim-kendall-main
Џенер која наполни 21, го прослави својот роденден во клуб “Далила” во Лос Анџелес, Калифорнија. На забавата беа поканети само членовите на семејството Кардашијан, и потесен круг од најблиските пријатели.

Безбедноста на Ким ја обезбедуваа тројца телохранители, кои ја чинат по 100 долари на секој час. По сензационалниот грабеж во Париз, уметничкиот директор на модната куќа “Шанел” Карл Лагерфелд ѝ препорача на Ким да не се перчи со накит – во Инстаграм Кардашијан пушташе повеќе слики со дијаманти, или да избира хотели со сигурна заштита.

По враќањето во САД моделот веднаш вработи околу дваесет телохранители. Во ноќта на 3 октомври неколку лица во полициски униформи и маски упаднаа во хотелската соба на Кардашијан во Париз, ѝ му се заканија 35-годишниот модел со огнено оружје, но без да ја повредат.

Тие ѝ го зеле сиот накит, по што побегнале со пленот во непознат правец. Според некои извештаи, украдениот накит е во вредност од околу 10 милиони долари. Според CNN само еден прстен на Кардашијан се проценува на околу 4 милиони долари.