Ким Кардашијан носи моден додаток кој многумина го сметаат за невкус

254 прегледи

Фото: Инстаграм/KimKardashian

Иако многумина ја сметаат за модна икона, Ким Кардашијан Вест често знае да направи некаков моден гаф.

Како прв пример е еден од нејизните аутфити за божикната вечера која ја организираше нејзината сестра Кајли во еден популарен ресторан во Лос Анџелес.

За таа пригода, Ким облекла тесен фустан кој буквално го истакнува секој дел од телото, виолетови чизми до колена, а како моден додаток избрала нешто што многумина го сметаат за лош вкус – сјајни хулахопки.

Сјајните хулахопки веке со години се омразени меѓу модните трендсетери, дизајнери и стилисти бидејќи изгледаат нападно и ги прават нозете да изгледаат визуелно подебели.

Инаку, Ким е меѓу првите кои во модата ги вратија бициклистичките пантолони и многу други трендови за кои мислевме дека ќе останат закопани во минатото.

Слични содржини