Ким Кардашијан одлучи да го тужи сајтот MediaTakeOut.com бидејќи ја прикажал како крадливка и лажга, соопштија американските медиуми.
Изданието претпостави дека телевизиската ѕвезда го исценирала грабежот на накитот во Париз за време на модната недела.
Така Ким се почувствувала како жртва по втор пат.
Според сведочењето Кардашијан беше ограбена за време на гостувањето во француската престолнина, а инцидентот се случил во хотелската нејзината соба. Таа била нападната од неколку мажи, облечени во полициски униформи, а накитот кои ѝ бил украден чинел над 10 милиони долари.
Француската полиција веќе најде едно парче од украдениот накит. Се претпоставува дека тоа било фрлено од криминалците, додека бегале.