Ким Кардашијан се врати на социјалните мрежи и се пофали со семејната идила

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Ким Кардашијан се врати во социјалните медиуми по тримесечна пауза, споделувајќи семеен кадар со сопругот Кание Вест и нивните две деца Сент и Норт.

Ким споделила и видео на Twitter, што е насловено како “семејство”, и на кое се гледа како таа и нејзиниот маж се радуваат на слатките деца во домашни услови.

Ким зеде пауза од центарот на вниманието, откако преживеа ужасен грабеж во Париз во октомври.

Потоа пак Кание доживеа нервен слом и дури влезе во клиника да се лекува од исцрпеност. Логично – се појавија гласините дека со бракот на 36-годишната ТВ ѕвезда и раперот дизајнер е при крај.

Очигледно со оваа слика Ким сака да покаже дека во семејниот живот со Вест нема никакви облаци и дека двајцата имаат поминато мирни и среќни празници со своите деца.