Ким Кардашијан на манифестацијата American Influencer Awards се појави за да ја додели наградата за уметнички постигнувања на визажистот Марио Дедивановиќ.
Таа облече прекрасен фустан на Диор, со ретро, но и во исто време безвременски крој, но она што сите го забележаа беа нејзините сандали со висока потпетица, кои не изгледале ни најмалку удобно.
На никој не му е јасно зошто ваков прекрасен фустан Ким го уништила со обувки со проѕирни ременчиња кои очигледо премногу ја стегале, но и изгледале како да се помал број.
„Сандалите сигурно чинат илјадници долари, а само го уништија нејзиниот изглед. Видете, палецот излегол. Ова сигурно боли“, бил само еден од многуте негативни коментари упатени на изборот на популарната Ким.
https://www.instagram.com/p/B5CaofQBvvl/