КИМ НЕ САКА СРЕДБА СО ТРАМП: Способни да живееме под санкции!

од Vladimir Zorba
109 прегледи

Уште еден самит со Соединетите Американски држави не е потребен и нема корист за Северна Кореја сè додека Вашингтон не ја смени својата преговарачка позиција, рече сестрата на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун, Ким Јо-Јонг.

Таа го објави ова преку државната агенција КЦНА, а откако американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на неделата изјави дека ќе оствари средба со Ким Јонг-ун доколку процени дека може да биде корисен, пренесе „Јонхап“.

„Се сомневам дека нешто како самит на Северна Кореја и САД ќе се случи оваа година. Сепак, можни се изненадувања, во зависност од проценката и одлуката на двајцата лидери“, рече помладата сестра на Ким.

Таа додаде дека тоа не значи дека Северна Кореја нема да спроведе денуклеаризација.

„Она што сакаме да го кажеме е дека денуклеаризацијата не е можна во моментот“, рече Ким Јо-Јонг, додавајќи дека денуклеаризацијата може да се случи само доколку некои големи работи се променат во САД.

Според неа, прашањето за укинување на санкциите од агендата за преговори е целосно исклучено.

„Претходната тема на денуклеаризација во замена за укинување на санкциите е сменета во темата повлекување на непријателствата во замена за продолжување на преговорите. Ние сме целосно способни да живееме под санкции“, рече таа.

Таа исто така повтори дека Соединетите држави може и понатаму се грижат за „примање на Божиќен подарок“ пред претседателските избори, кои не се толку далеку.

Како што рече таа, личните чувства на Ким Јонг-ун кон американскиот претседател Доналд Трамп се „несомнено добри и силни“, но Северот „не треба да ги прилагоди своите тактики кон САД во зависност од односот со американскиот претседател“.