Таа едноставно не може да престане да изненадува.
И овој пат сите очи беа вперени во Ким, додека се прошета во уште еден ризичен комплет.
Таа го привлече вниманието облечена во црни панталони на врзување, со висок струк и тесен црн топ, без градник, секако нели.
Како што веќе заклучивме, тоа мора да е нејзината нова униформа.
Ким, заедно со керќичката Норт, излезе на ручек во ресторанот “Carpaccio” во “Bal Harbour”, придружувајќи им се на нејзината сестра Клои и нејзиниот нов дечко Тристан Томпсон.

Мајката нежно ја држеше раката на ќерка си, која изгледаше слатко и “шик” во црно плишано фустанче, под кое ѕиркаше бела обична маичка, во комбинација со бела бејзбол капа и црни крзнени папучи.

По ручекот, таа се упати на релаксирање со третман во спа.

Ова доаѓа еден ден подоцна, откако Ким одговори на прашањето за нејзините исчезнати градници.
Јасно е дека мајката на две деца не се кае за нејзините контроверзни аутфити, како што објави на нејзиниот блог, фалејќи се за нејзината љубов кон транспарентната облека и “ослободување на брадавиците”.
Таа напиша: “Отекогаш сум сакала проѕирно, и баш ми е гајле”.