Кими Антонели му се заблагодарува на Хамилтон за поддршката пред неговото деби во Формула 1

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Дебитантот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели му се заблагодари на својот претходник од „Сребрените стрели“, Луис Хамилтон за поддршката што му ја даде седумкратниот шампион пред неговото деби во Формула 1.

Антонели беше избран за замена на Британецот по неговата шокантна одлука да се раздели со тимот со кој освои шест од седумте титули за да го оствари својот сон да вози за Ферари. И за време на доделувањето на Autosport наградите минатата недела, 18-годишниот возач не пропушти да му се заблагодари на Хамилтон за односот и поддршката што ја покажа кон неговиот наследник.

„Тој беше многу, многу добар со мене. Ми рече да уживам и секако да дадам се од себе и да не се грижам за ништо друго. Ми напиша и порака во камионот Мерцедес, во пилотската кабина. Затоа, едвај чекам да ја прочитам.

Мислам дека е многу љубезно од него и да бидам искрен, сè уште не можам да верувам дека ќе го делам стартниот грид со него. Мислам, тој е таква фигура во нашиот спорт, постигна толку многу, па јас сум навистина среќен за можноста што ја добивам“, рече Антонели.

Слични содржини