Кимих договори нов договор со Баерн

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Раководството на Баерн Минхен успеа да се договори за нов договор со играчот од средниот ред Џошуа Кимих, објавија Билд и Скај Германија.

Ова се случи по состанокот во четвртокот. Договорот што го постигнаа двете страни е за четири сезони (до летото 2029 година) и треба да биде објавен денеска или до крајот на неделата. Актуелниот договор на играчот истекува на 30 јуни.

30-годишниот Кимих долго време не можеше да се договори со раководството за повторно потпишување, што веднаш доведе до сериозен интерес за него од клубови како Пари Сен Жермен, Ливерпул и Арсенал. Во средата германскиот интернационалец призна дека желбата на другите тимови да го привлечат влијае на неговите постапки. Дури имаше информации за конкретна понуда од ПСЖ.

По вчерашната средба станаа појасни позициите на клубот и на играчот, што е нова добра вест за баварските навивачи, откако Алфонсо Дејвис на сличен начин избра да го продолжи договорот.

Слични содржини