Џошуа Кимих ќе даде информации околу продолжувањето на соработката со Баерн во наредните недели, но …
Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Планот на германскиот репрезентативец беше да донесе одлука до следната репрезентативна пауза, но баварскиот клуб барем до сега не го стори тоа.
Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на „Алијанц Арената“, сепак …
Не е само Баерн во игра, туку и други гиганти на европскиот фудбал. За Кимих заинтересирани се и Арсенал, Челси и ПСЖ. Но, Кимих знае и каде да не оди.
Според извори на „Билд“, играчот од средниот ред на Баерн не би сакал да ја продолжи кариерата во Арсенал. Па така, преостанатите опции се „сините“ од Лондон и парижаните.
Сепак, ќе мора да почекаат дали ќе се финализира договорот Кимих-Баерн, што, според информациите од Германија, ќе се случи во следните неколку недели.