18
Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, им даде надеж на навивачите на клубот дека и во иднина ќе продолжи да го носи дресот на баварскиот тим.
Договорот на германскиот репрезентативец истекува на лето и тој може да замине како слободен играч.
Сепак, по мечот со Борусија (Менхенгладбах) призна дека шансите да остане се многу поголеми од претходно.
„Шансите да останам се многу поголеми од минатото лето бидејќи гледам како играме. Селекторот многу помогна во тоа. Цела Германија гледа дека играме поинаков фудбал. Работите изгледаат многу подобро. Забавно е да се тренира и игра заедно“, сподели Кимих.