Кимих повторно да размисли за вакцинацијата, порача Меркел

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Играчот од средниот ред на Баерн (Минхен), Џошуа Кимих треба да го преиспита својот став против вакцинацијата против коронавирус, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

„Можеби Џошуа Кимих треба повторно да размисли за тоа“, рече Меркел во интервјуто за претстојниот број на Франкфуртер алгемајне цајтунг. „Тој е познат фудбалер чие мислење и однесување влијае на многу луѓе“.

Професионалните фудбалери имаат право да одбијат вакцинација, но додаде дека „веќе има многу добри фактички аргументи како одговор на неговите прашања и сомнежи за таквата одлука, кои се јавно достапни“.

Кимих во моментов одбива да се вакцинира затоа што смета дека вакцините за Ковид-19 не се доволно проучени и тестирани на долг рок, главно затоа што имаат ефект врз кардиоваскуларниот систем. 26-годишниот фудбалер на шампионот и репрезентативецот на земјата минатата недела беше јавно критикуван во медиумите откако по мечот со Хофенхајм призна дека не е вакциниран, бидејќи има некои лични резерви за таквиот потег. Додаде дека може и во одреден момент да се премисли.

Инаку, фудбалерот е ангажиран во борбата против вирусот, бидејќи заедно со неговиот соиграч Леон Горецка инкасираа повеќе од 6 милиони евра во кампањата We Kick Corona. Парите одат во фондот на ОН за купување вакцини за сиромашните земји кои не можат да си ги дозволат. Нивната кампања беше лансирана во март 2020 година, долго пред да се појават сегашните вакцини на пазарот.

Слични содржини