335
Се потврдуваат информациите дека Рој Кин е на чекор да се врати во тренерската професија. Утринава „Скај Спортс“ објави дека ќе биде интервјуиран за менаџерската позиција на неговиот поранешен клуб Сандерленд. „Телеграф“ тврди дека управата веќе му понудила договор.
Легендата на Манчестер Јунајтед ги предводеше „црните мачки“ до шампионската титула во 2007 година. Неколку месеци подоцна, тој замина, наведувајќи ги разликите со управата и поранешниот сопственик Елис Шорт.
Во моментов, сепак, Сандерленд е едвај на третото ниво на англискиот фудбал. Тимот е трет во Лига 1, но пред неколку дена загуби со 0:6 од Болтон и менаџерот Ли Џонсон доби отказ.
Во последните години, Рој Кин е аналитичар и е познат по своите критички коментари.