Кина: Борел е добредојден во Пекинг

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Еден ден откако беше откажано планираното патување на високиот комесар за надворешна политика и безбедност на Европската унија, Жозеп Борел во Кина, официјален Пекинг соопшти дека Борел е „добредојден“ во таа земја, пренесува „Анадолија“.

„Кина дава приоритет на односите со ЕУ и одржува обемна размена на сите нивоа и на различни полиња“, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Ванг Венбин во Пекинг, пренесува кинескиот весник „Глобал тајмс“.

Изјавата уследи откако раководството на ЕУ соопшти дека Кина ја откажала закажаната посета на Борел на Пекинг следната недела.

„За жал, нашите кинески колеги не информираа дека закажаните датуми за следната недела веќе не се можни и дека сега мора да бараме алтернатива“, рече во вторникот портпаролката на ЕУ, Набила Масрали.

Високиот функционер на ЕУ се очекуваше да разговара со кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг за време на посетата.

Откажувањето дојде откако лидерите на ЕУ ја одобрија стратегијата за намалување на зависноста на блокот од Кина за технологија и компоненти.

Слични содржини