
Кина е пред Русија во областа на производство на оружје и се наоѓа на второто место по Соединетите држави, пишува германскиот весник „Зудочеј Цајтунг“. Податоците се од Меѓународниот институт за мировни студии во Стокхолм – СИПРИ.
Аналитичарите на СИПРИ го прават овој заклучок врз основа на податоците добиени од 2015-2017 година за производство на четворицата најголеми кинески производители на оружја. Овие компании за оружје имаат продадено оружје во вредност од 54,1 милијарди долари (49 милијарди долари), што е за 16 милијарди долари повеќе од продажбата на првите десет најголеми руски компании. Четирите кинески компании работат во областа на воздушната технологија, електроника и копнените системи.
Кинеските компании за кои станува збор се меѓу 20-те најголеми фабрики за оружје во светот во 2017 година. Во првите 20 за 2017 година, СИПРИ вклучи 11 американски, 6 европски и 3 руски компании.
Според експертите, вооружената индустрија во Кина вклучува 10 големи фабрики за оружје и еден институт за истражување. За четири од нив, истражувачите на СИПРИ добија кредибилни финансиски информации, што им овозможи да извлечат релевантни заклучоци и да формулираат ранг.
Најголем купувач на оружје е самата Народна Република. „Речиси целото оружје што го произведува Кина е купено за потребите на кинеската војска“, велат експертите. Една од причините е што Пекинг сака да стане целосно независен од другите земји во производството на оружје и технологија за воена употреба. Во исто време, постои бавен нагорен тренд на побарувачка за кинеско оружје во странство. Сепак, Кина сè уште е далеку од воениот извоз на Русија.
Од 1960-тите години на минатиот век, а особено од 1999 година, Кина инвестираше многу во модернизацијата на својата воена индустрија. За разлика од повеќето претпријатија на Запад, кинеските претпријатија за оружје се концентрираат на специфично производство, како што се авијацијата или копнените системи.