197
Кинеските власти денеска ги отфрлија тврдењата дека нивните шпиони се инфилтрираат во западната инфраструктура, нарекувајќи го заедничкото предупредување издадено од САД и нивните сојузници „колективна кампања за дезинформации“.
Портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека предупредувањата од САД, Обединетото Кралство, Канада, Австралија и Нов Зеланд имале за цел да ја промовираат нивната разузнавачка алијанса, позната како „Пет очи“.
Таа додаде дека Вашингтон е виновен за хакирањето, а САД се хакерска империја, пренесува „Ројтерс“.