Кина ги забрани чиповите на Intel и AMD во владините компјутери

од Vladimir Zorba
207 прегледи

Кина подготви нови упатства за постепено отстранување на американските микропроцесори направени од Intel и AMD од владини компјутери. Насоките за набавки предвидуваат и замена на оперативниот систем Windows со домашен софтвер.

На владините агенции над општинско ниво им е предложено да вклучат критериуми кои бараат „безбедни и доверливи“ процесори и оперативни системи при купувањето, пренесуе Financial Times.

Според Ројтерс, кинеското Министерство за индустрија во декември издаде листа на процесори, оперативни системи и централизирани бази на податоци кои се сметаат за „безбедни и сигурни“ и произведени од кинески компании.

САД имаат за цел да го зајакнат домашното производство на чипови и да ја намалат зависноста од Кина и Тајван според Законот за наука од 2022 година. Законот е дизајниран да ја зајакне американската индустрија за полупроводници и обезбедува финансиска помош за домашното производство со субвенции за производство на напредни чипови.

САД во моментов размислуваат да стават на црната листа на голем број кинески производители на чипови поврзани со Huawei. Компаниите кои би можеле да бидат на црната листа на САД ги вклучуваат Qingdao Si’En, SwaySure и Shenzhen Pensun Technology Co. и PST, како и водечкиот кинески производител на мемориски чипови ChangXin Memory Technologies Inc.

Слични содржини