Кина ги забрани мобилните телефони во сите училишта

од Nikola Popovski

Учениците од основните и средните училишта ширум Кина веќе не смеат да носат мобилни телефони во училиште, освен ако немаат вистински потреби и доколку нивните родители не достават писмено барање, се вели во новата одлука објавена на веб-страницата на кинеското Министерство за образование.

Во случај да има писмени извештаи од родители, се нагласува дека учениците кои носат мобилни телефони на училиште, мораат да ги предадат на надлежните во нивните училишта, наместо да ги носат со себе на час.

Во согласност со тоа, училиштата ќе бидат надлежни да ја спроведуваат целата постапка и да одлучуваат каде и како ќе се чуваат телефоните, како и кој ќе се грижи за нив.

Кинеското министерство вели дека овој потег ги штити студентите и им помага да се фокусираат на учење наместо да поминуваат време на Интернет и да играат видео игри.

Со цел да се олесни комуникацијата помеѓу учениците и нивните родители, со уредба на ресорното министерство се предлага инсталирање на јавни телефони во училиштата, како и барање други иновативни решенија.

Покрај тоа, наставниците повеќе не смеат да извршуваат домашни задачи преку мобилни телефони или да бараат од учениците да ја завршат домашната задача на мобилните телефони, пренесува кинеското меѓународно радио.

Слични содржини