Кина го покажа за првпат невидливиот борбен авион од петтата генерација

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Џеј-20 невидливиот  надворешно личи на американскиот Ф-22 Раптр

kina-avio

Авиосалонот во јужниот кинески град Џухај ,Пекинг ги претстави пред публиката за прв пат најновите достигнувања во воената технологија, соопштија американските медиуми. Меѓу нив е истребувачот Џеј-20 од  петта генерација. Машината исполни серија на маневри. Надворешно авионот личи на американскиот Ф-22 Раптр кој е  оружје во воздухопловните сили на САД.Пентагон наведува дека втор кинески борбен Стелт Еф-Си -31 ќе биде наменет за извоз како конкурент на американскиот Ф-35.

Џеј-20, кој е вооружен со ракети воздух-воздух, го изврши својот прв пробен лет во 2011 година, според извештајот на Пентагон Кина гледа на технологијата скришум како на клуч за претворање на претежно територијално- воздухопловна сила во сила, способна за врши офанзивни и дефанзивни операции, наведува АП.