208
По средбата меѓу советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливан и високиот кинески дипломат Ванг Ји, бил склучен договор за одржување на меѓусебната комуникација, изјавуваат од Белата Куќа.
„Двете страни имаа искрени, суштински и конструктивни дискусии за клучните прашања поврзани со билатералните односи меѓу САД и Кина, глобалните и регионалните безбедносни прашања, војната на Русија против Украина и прашањата поврзани со Тајванскиот теснец“, пишува во соопштението.
Се додава дека состанокот бил „дел од напорите да се одржат отворени линиите на комуникација“.