Се очекува дека глобалната трговија оваа година ќе достигне 32.000 милијарди долари, доколку продолжат постојните позитивни трендови, објави во вторник Конференцијата на ОН за трговија и развој (УНКТАД).
Трендовите на глобалната трговија станаа позитивни во првиот квартал од годинава, при што вредноста на стоковната размена се зголеми за околу 1% во однос на претходниот квартал, а на услугите за околу 1,5%, се вели во соопштението, јавува AA.
– Овој раст, поттикнат од позитивната трговска динамика за Соединетите Американски Држави и земјите во развој, особено големите азиски економии во развој, се очекува да додаде приближно 250 милијарди долари за трговијата со стоки и 100 милијарди долари за трговијата со услуги во првата половина на 2024 година во споредба со втората во средината на 2023 година – се наведува во соопштението.
Се додава дека според прогнозите, светскиот БДП ќе порасне за околу 3% во 2024 година, но со доза на претпазливост.
Исто така, се наведува дека растот на светската трговија во периодот јануари-март главно е поттикнат од зголемениот извоз од Кина (9%), Индија (7%) и САД (3%).
Спротивно на тоа, европскиот извоз не покажа раст, а африканскиот извоз падна за 5% во истиот период.