250
Пекинг денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области, вклучително и дијалозите меѓу високи воени команданти, сето тоа поради посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван оваа недела.
Кинеското министерство додаде дека ги прекинува разговорите за климатските промени со Америка, ја прекинува соработката во областа на спречување на прекуграничниот криминал и репатријација на илегални мигранти, објави „Ројтерс“.
Кинеското министерство денеска објави дека ќе ја прекине соработката со САД во повеќе области.