Кина има нова бомба и огромна е. Суперсилата во подем, Кина, претстави новитет – нова верзија на бомба која ја претстави кинеската индустрија за оружје NORINCO. Се работи за воздушна бомба со потенцијално масовно уништување, пренесоа локалните медиуми.

Norinco во декември лани на својата веб страна објави видео со приказ на бомба која бомбардерот H-6K ја испушта од воздух и симулираше огромна експлозија. Оваа бомба воедно е и прво такво оружје претставено во јавноста, пишува News.com.au.
Извештаите покажуваат дека ова е најсилната ненуклеарна бомба во Кина и дека бомбардерите H6K можат одеднаш да пренесат само една бомба заради нејзината големина и тежина.
https://www.youtube.com/watch?v=SlgtIWVjIXg
Кинеската „мајка на сите бомби“, наводно е долга 5-6 метри и се претпоставува дека со својот удар може одеднаш да избришат цели земјини мети, згради или засолништа за одбрана.