Кина ќе ги намали за половина царини за некои стоки од увоз од САД

од Aleksandar Petrovski
269 прегледи

Кинеските власти соопштија денеска дека ќе ги намалат за половина царините на некои стоки што се од увоз од САД од 14 февруари. Со тоа се надеваат дека ќе работат со Вашингтон за укинување на сите царини во билатералната трговија. Вкупната сума на увозот е околу 75 милијарди долари.

Кинеското Министерство за финансии соошти дека царините на некои стоки ќе бидат намалени на пет отсто ако претходно биле 10 отсто додека за други тие ќе се намалат од пет на 2,5 отсто.

Кина се надева дека заедно со САД ќе може да го зачуваат трговскиот договор за кој се согласија и да зголемат доверба на пазарите, додаде министерството.

Слични содржини