Кина ќе им дозволи на паровите да имаат три деца

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Кина денес објави дека на секој пар во таа земја ќе му биде дозволено да имаат до три деца, откако неодамнешните податоци покажаа драматичен пад на бројот на раѓања во најнаселената земја во светот.

Во 2016 година, Кина ја укина својата децениска одредба дека на паровите им е дозволено да имаат само едно дете и утврди дека можат да имаат две. Но, тој потег не резултираше со зголемување на наталитетот бидејќи трошоците за одгледување деца во кинеските градови се доста високи, па многу граѓани решија да останат со едно дете, пишува „Ројтерс“.

Кина – земја која старее

Според податоците од кинескиот попис, што се спроведува еднаш во десет години, бројот на жители во Кина има најбавен раст од 1950-тите во последната деценија, пренесува „Индекс.хр“.

Слични содржини