Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал, го почитуваме суверенитетот на Панама

од Vladimir Zorba
20 прегледи

Кина не учествува во управувањето и функционирањето на Панамскиот канал и никогаш не се мешала во овие работи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тој додаде дека Кина го почитува суверенитетот на Панама над каналот и го признава како трајно неутрален меѓународен воден пат, објави Ксинхуа.

Портпаролот на кинеското министерство го изјави ова како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „повторно заземање“ на Панамскиот канал, наведува агенцијата.

Слични содржини