Кина обезбедува олеснување на визниот режим за оние кои ќе ја примат нејзината вакцина

од Vladimir Zorba

Кинеското претставништво на Министерството за надворешни работи во Хонг Конг објави дека ќе ги поедностави визните услови за континентална Кина за странците во градот кои биле вакцинирани со вакцини против Ковид-19, направени во Кина.

Поедноставената постапка, која стапува на сила во понеделник, важи и за барањата поднесени пред пандемијата и ќе бидат достапни само за апликантите и членовите на нивните семејства кои имаат потврда за вакцинација со вакцини направени во Кина, се вели во соопштението од Канцеларијата на кинескиот пратеник во Хонг Конг.

Не е кажано зошто поедноставената постапка не е проширена на оние кои примаат други вакцини против ковид-19.

Од странските патници кои биле вакцинирани со некинески вакцини и понатаму ќе треба да поднесуваат негативни тестови за ПЦР и образец за здравје и патување, се вели во соопштението.

Не е познато дали поедноставените процедури ќе бидат достапни за странците кои аплицираат за визи надвор од Хонг Конг.

Слични содржини