Кина пријави смрт на жена инфицирана со комбинација од два вида на птичји грип

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Во Кина е забележан еден смртен случај од инфекција предизвикана од комбинација на два вида на птичји грип, H3N2 и H10N5, соопшти кинеската Национална управа за контрола и превенција на болести, додавајќи дека станува збор за пренос меѓу видови, но дека ризикот од пренос од човек на човек е низок.

Постара жена од провинцијата Анхуи, која имала продолжени болести, пријавила дека развила кашлица, болка во градите, треска и други симптоми на 30 ноември и починала нешто повеќе од две недели подоцна на 16 декември, се вели во соопштението на кинеската Национална управа за контрола и превенција на болести.

Тестирањето на блиските контакти на 63-годишната жена било негативно, се наведува во соопштението и се додава дека не се пријавени други случаи на заболени од споменатата комбинација на видови на птичји грип.

Анализата на целата геномска секвенца на вирусот покажала дека вирусот H10N5 е од птичјо потекло и нема способност ефикасно да зарази луѓе, соопшти агенцијата.

Регистрираната смрт, според Кинеската национална администрација за контрола и превенција на болести, претставува редок пренос на вирусот меѓу видовите, од птица на човек.

Ризикот од вирусот да зарази луѓе е низок, додава агенцијата.

Кина има голема популација на одгледувани и диви птици од различни видови, што, според „Ројтерс“, е идеално опкружување за мешање и мутација на вируси на птици.

Слични содржини