Кина пријави повеќе од 10.000 нови случаи на корона, се затвораат паркови и ресторани

од Stefanija Kuzmanovska
114 прегледи

Главниот град на Кина, Пекинг, денеска ги затвори градските паркови и воведе други ограничувања бидејќи земјата се бори со бран од 10.729 нови инфекции со коронавирус.

Во јужната индустриска област Гуангжу и големиот западен град Чонгкинг, повеќе од 5 милиони луѓе моментално се во изолација.

Голем дел од 21 милион жители на Пекинг биле подложени на задолжително дневно тестирање, а пријавени се 118 нови случаи на инфекција.

Многу градски училишта се префрлија на настава од дома, болниците имаат ограничени услуги, некои продавници и ресторани се затворени, а нивниот персонал е ставен во карантин.

Слични содржини