Кина прогласи крај на епидемијата

од Vladimir Zorba
405 прегледи

Ширењето на коронавирусот во Кина е сопрено, според портпаролот на Комитетот за здравствени прашања, Ми Фенг.

„Бројот на потврдени заразени случаи е помал од 3.000. Ширењето на епидемијата во Кина е целосно запрено“, рече Ми Фенг на брифинг.

Според најновите податоци, од почетокот на пандемијата имало 81.439 случаи заразени со коронавирус, од кои 75.448 се опоравиле и 3.300 починале.

Претходно, медиумите објавија дека во кинеската провинција Хубеи (освен во Вухан), која е позната како фокусна точка за ширење на инфекцијата „КОВИД-19“, локалниот патнички сообраќај е обновен после два месеци.