За првпат по скоро два месеци, во Кина не се забележани случаи на локално пренесување на коронавирусот, објави Националната здравствена комисија.
Вкупниот број на случаи со КОВИД-19 има благ пораст, на 14 во споредба со 12 дена претходно, според изјавата на Националната здравствена комисија, но сите биле увезени од странство. Седум случаи биле во Шангај, а останатите во југоисточната провинција Гуангдонг.
Ова е првпат Кина да нема локален пренос од 16 декември, што сугерира дека агресивните чекори преземени од властите успеале да го запрат ширењето на болеста од провинцијата Хебеи околу Пекинг, како и североисточните провинции Хајлонгџијанг и Џилин.
Бројот на нови асимптоматски случаи, кои Кина не ги класифицира како потврдени случаи на КОВИД-19, се искачи на 16 од 10 дена порано.
Вкупниот број на случаи со коронавирус во континентална Кина е 89.706, додека бројот на смртни случаи е непроменет – 4.636.