163
Пекинг денеска ја отфрли резолуцијата на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, со која се осудува Кина поради наводниот шпионски балон, кој беше соборен оваа недела над територијалните води на САД, велејќи дека тоа е „чиста политичка манипулација и кревање прашина“.
„Кина е крајно незадоволна од резолуцијата и силно се противи. Резолуцијата на американскиот Конгрес е чиста политичка манипулација“, изјави портпаролката на министерството за надворешни работи Мао Нинг, пренесува АП.
Резолуцијата, која беше усвоена со јавно гласање, ја осудува Кина за „дрско кршење“ на суверенитетот на САД и обиди „да ја измами меѓународната заедница со лажни тврдења за нејзините акции за собирање разузнавачки информации“.